УТРО.мк

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ЗАГРЕБ – ОБЛАКОДЕРОТ „ВЈЕСНИК“ ПРЕТВОРЕН ВО ПЕПЕЛ

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ЗАГРЕБ – ОБЛАКОДЕРОТ „ВЈЕСНИК“ ПРЕТВОРЕН ВО ПЕПЕЛ
Vero

Полицијата ја затвори целата околина, граѓаните итно евакуирани

Нешто по 22 часот во понеделник навечер, над Загреб се издигна огромен столб оган и чад – култниот облакодер „Вјесник“ беше зафатен од масивен пожар што за кратко време го проголта поголемиот дел од зградата. Пожарникарските екипи од сите достапни станици се испратени на терен, а според првичните информации, ситуацијата била критична на шестиот, деветтиот и дванаесеттиот кат.

Од зградата паѓале запалени остатоци, што дополнително ја загрозувало околината. Дирекцијата за цивилна заштита соопшти дека гасот и електричната енергија се целосно исклучени за објектот, додека полицијата ја блокирала целата крстосница околу облакодерот и ги тргала граѓаните на безбедна оддалеченост.

Првите утрински снимки се шокантни – симболот на Загреб, препознатливата силуета на „Вјесник“, е речиси целосно уништен. Пожарникарскиот командант предупреди дека постои можност пожарот да бил последица на сериозна техничка грешка, но причините ќе се утврдуваат дополнително.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран