УТРО.мк

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вечерва во посета на Скопје

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вечерва во посета на Скопје
Vero

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, вечерва пристигнува во Скопје како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Според најавите, Вадефул ќе одржи средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Во просториите на Министерството ќе се одржи и билатерална средба меѓу двете делегации.

Тридневната регионална турнеја германскиот шеф на дипломатијата ја започна во неделата во Сараево, а вчера престојуваше во Белград, каде што разговараше со претседателот Александар Вучиќ, шефот на дипломатијата Марко Ѓуриќ и со претставници на граѓанскиот сектор.

Вадефул во претходните денови ги посети и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Во Подгорица имаше работна средба со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ, додека во Тирана се сретна со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со раководството на Специјалното државно обвинителство.

Во Скопје, Вадефул доаѓа од Приштина, каде што разговараше со претседателката Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германските војници во составот на мисијата КФОР.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека Берлин останува силно посветен на европската перспектива на Западен Балкан – а турнејата на Вадефул е уште една потврда за таа поддршка. Фокусот на посетата ќе биде напредокот и предизвиците во процесот на проширување на Европската унија, како и реформските приоритети, регионалната стабилност и соработката меѓу државите од регионот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран