УТРО.мк

ЕУ прогласи тревога поради балоните: „Ова е провокација и хибридна закана“

ЕУ прогласи тревога поради балоните: „Ова е провокација и хибридна закана“
Vero

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави денеска дека Европската унија изразува целосна солидарност со Литванија, која се соочува со постојани упади на хелиумски балони за шверц во нејзиниот воздушен простор.

Во објава на социјалната мрежа X, фон дер Лајен оцени дека станува збор за обид за дестабилизација и провокација, што ја нарече „хибридна закана“ која, како што нагласи, ЕУ нема да ја толерира.

„Ова е уште една причина за забрзување на клучните европски иницијативи, вклучително и ‘Eastern Flank Watch’ и европската иницијатива за одбрана од дронови“, изјави претседателката на Европската комисија.

Покрај тоа, литванската премиерка Инга Ругинјене денеска најави дека владата на земјата во среда ќе го разгледа предлогот за затворање на литванско-белоруската граница на неопределено време, со исклучоци за дипломати и граѓани на ЕУ кои патуваат од Белорусија. Таа додаде дека земјата не ја исклучува можноста да побара консултации за активирање на членот 4 од НАТО Алијансата.

„Владата ќе одржи состанок во среда, а ние веќе ја подготвивме одлуката за затворање на границата со Белорусија на неопределено време, со одредени исклучоци. Тоа значи дека дипломатите и дипломатските пратки ќе можат да патуваат, како и нашите и европските граѓани што доаѓаат од Белорусија, но целиот друг сообраќај ќе биде стопиран“, изјави Ругинјене на прес-конференција пренесена од порталот „Делфи“.

Таа истакна дека Литванија ќе ги усогласи санкциите со Европската унија и дека, доколку има потреба, ќе побара активирање на НАТО тимот за одговор на хибридни закани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран