УТРО.мк

Владата ја постави основата за одржлив економски раст со буџетот за 2026

Владата ја постави основата за одржлив економски раст со буџетот за 2026
Vero

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со кој економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари. Капиталните инвестиции се предвидени на износ од 40,5 милијарди денари, односно 650 милиони евра.

„Капиталните проекти треба да бидат главен двигател на економскиот раст догодина, а позитивен тренд се очекува и од приватните инвестиции, поттикнати од поволните кредитни линии и растот на платите и пензиите“, изјави министерката.

Таа посочи дека буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со цел забрзување на економскиот раст и постепена фискална консолидација.

„Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија, поголема ефикасност и дисциплинирано управување со јавните финансии“, истакна Димитриеска Кочоска.

Според неа, поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, со цел одржување на макроекономската стабилност и поттикнување на долгорочен раст.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран