УТРО.мк

Раководството на „Комунална хигиена“ пред обвинителство поради отпад во Скопје

Раководството на „Комунална хигиена“ пред обвинителство поради отпад во Скопје
Vero

СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава против С.Р. (38), в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, и А.С. (55), управител за отпад, поради сомнение за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ според член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Според истрагата, осомничените не ги почитувале законските обврски за собирање и транспортирање на отпадот, како и редовните активности предвидени во Оперативната програма за управување со комунален отпад и во Оперативниот план за јавна чистота на Градот Скопје. Недоволниот надзор и непрописното управување со отпадот довеле до формирање на мали депонии на јавни и сообраќајни површини, што го нарушило квалитетот на почвата, воздухот и водата и го загрозило здравјето на граѓаните.

Сомневањата се потврдени со вонредни инспекциски надзори и со експертско мислење од ЈЗУ Институт за јавно здравје, кое укажува на ризикот од ширење заразни заболувања поради непристојното управување со отпадот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран