На 27.10.2025 во 23:40 часот на ул.„Димо Гавровски Кара“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.М.(30) од Тетово затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.































