На 26.10.2025 во 06:20 часот, во СВР Скопје, Б.Н. (26) од Кичево пријавила разбојништво на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец.
Според пријавата, додека Б.Н. бил паркиран во своето возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје одзеле пари и други предмети.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за идентификација на сторителите.































