На 26.10.2025 околу 14:00 часот во СВР Велес е пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат село Богомила–крстосница за село Извор, општина Чашка.
Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т. (33) од Велес, и мотоцикл „Хонда“, управуван од 48-годишната Б.Н. од Чешка.
Според информациите од болницата, Б.Н. се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Општа болница Велес.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Велес.































