УТРО.мк

Ескалација на Блискиот Исток: Ирански ракети погодија израелски градови, има жртви

Ескалација на Блискиот Исток: Ирански ракети погодија израелски градови, има жртви
Vero

Конфликтот меѓу Иран и Израел влезе во нова фаза откако Техеран синоќа изврши масовен ракетен напад врз израелски градови, како одговор на опсежниот воздушен напад што Израел го изврши врз повеќе од 100 цели во Иран, вклучувајќи и клучниот нуклеарен комплекс во Натанз.

Во нападот на Иран, ракетите погодија области околу Тел Авив и Ерусалим, при што загинаа најмалку три лица, а десетици се повредени. Меѓу повредените се и хрватскиот конзул и неговата сопруга, чиј стан бил целосно уништен. Истовремено, иранската државна телевизија објави дека во израелскиот напад врз станбена зграда во Техеран загинале 60 луѓе, меѓу кои 20 деца.

Израелската операција, именувана „Лавот се крева“, има за цел „неутрализирање на егзистенцијалната закана“ што ја претставува иранската нуклеарна програма, според премиерот Бенјамин Нетанјаху. Израелски борбени авиони повторно дејствуваа над Техеран и ноќеска, при што, според израелски извори, биле ликвидирани клучни ирански воени команданти и нуклеарни научници.

Иран го активираше својот контранапад под името „Вистинско ветување 3“, при што лансираше стотици балистички ракети и беспилотни летала кон израелски воени бази и стратешки цели околу Тел Авив. САД активно го поддржуваат Израел во пресретнување на иранските ракети.

Ситуацијата дополнително се заострува откако Иран најави дека сериозно размислува за затворање на еден од најважните поморски пролази во светот, што може да има глобални последици. Израелскиот министер за одбрана предупреди дека „доколку Иран продолжи со ракетирањата, Техеран ќе гори“.

Премиерот Нетанјаху во обраќање до иранскиот народ повика на востание против режимот во Техеран.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран