УТРО.мк

Eнергетските пијалаци ќе бидат забранети за помладите од 16 години во Англија

Eнергетските пијалаци ќе бидат забранети за помладите од 16 години во Англија
Vero

Британската влада подготвува закон со кој ќе се забрани продажбата на енергетски пијалаци на лица под 16 години во Англија. Забраната ќе важи за сите продавници, ресторани, кафулиња, автомати и онлајн купување.

Иако многу супермаркети веќе воведоа доброволни ограничувања, се проценува дека секоја недела една третина од британските деца консумираат вакви пијалаци, од кои дел содржат повеќе кофеин од две шолји кафе. Прекумерната употреба се поврзува со главоболки, несоница и проблеми со концентрацијата.

Министерот за здравство Вес Стритинг истакна дека на ваква мерка повикале родители, наставници и самите ученици. „Видливи се последиците врз здравјето и учењето, затоа реагираме“, рече тој.

Експертите предупредуваат дека премногу кофеин може да предизвика забрзан или абнормален срцев ритам, па дури и напади. Иако ретки, забележани се и смртни случаи поврзани со вишок кофеин.

Иако точниот датум сè уште не е познат, Стритинг најави дека забраната ќе стапи во сила многу пред крајот на мандатот на сегашниот парламент.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран