УТРО.мк

Експлозии покрај најголемата нуклеарка во Европа – Запорижјe завиена во чад, експертите предупредуваат на ризик од катастрофа

Експлозии покрај најголемата нуклеарка во Европа – Запорижјe завиена во чад, експертите предупредуваат на ризик од катастрофа
Vero

Тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) забележал експлозии и густ чад во близина на нуклеарната електрана Запорижјe, откако според информации од објектот, напад бил извршен врз помошна инфраструктура, пренесува Kyiv Independent.

Најголемата нуклеарна централа во Европа, која од март 2022 е под руска окупација, повторно е во фокусот на загриженост за нуклеарната безбедност. Нападот, кој започнал во саботата околу 9 часот, вклучувал гранатирање и напади со дронови. Иако погодениот објект се наоѓа 1.200 метри од централата, чадот бил видлив со часови.

„Секој напад во близина на нуклеарна централа, без оглед на целта, претставува сериозен ризик по нуклеарната безбедност и мора итно да престане“, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси. Тој уште еднаш апелираше за „максимална воена воздржаност“ околу вакви критични објекти.

Во меѓувреме, New York Times објави дека Русија гради нови далекуводи на окупираниот југ од Украина, што би можело да значи директно поврзување на Запорижја со руската енергетска мрежа. Според извештајот на Greenpeace, руските сили од февруари досега поставиле над 80 километри високонапонски водови долж Азовското Море, поврзувајќи го Мариупол со Бердјанск.

Се стравува дека овие водови ќе се поврзат со главната трафостаница кај Мариупол и со тоа и со електраната во Запорижја, која се наоѓа на околу 225 километри оддалеченост. Според експертите, ова би можело да претставува нова фаза во контролата на руската страна врз енергетската инфраструктура на Украина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран