Битола доживеа незаборавна вечер! Над 10.000 љубители на електронската музика синоќа беа дел од спектакуларниот настап на светската музичка ѕвезда Армин ван Бурен, кој настапи на стадионот „Петар Милошевски“ како дел од БИТ ФЕСТ.

Светски реномираниот диџеј и продуцент приреди шоу со врвна аудио-визуелна продукција, досега невидена на овие простори. Публиката, која пристигна од сите краеви на Македонија и пошироко, беше сведок на настан од А-категорија – настан кој ја издигна Битола на мапата на европските фестивалски градови.

Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon International Booking), а се реализираше со поддршка од Општина Битола и Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ.
За прв пат во својата историја, Битола беше домаќин на светска музичка ѕвезда од ваков ранг, со сценска и техничка реализација според највисоките светски стандарди. Настанот ја потврди зголемената културна амбиција на градот и отвори нови хоризонти за идни значајни музички и културни проекти.