УТРО.мк

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол
Vero

На 03.08.2025 во 21.50 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(52) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане.

При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.80 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран