УТРО.мк

Драма во Киев: Зеленски предупредува на најтешките недели од војната

Драма во Киев: Зеленски предупредува на најтешките недели од војната
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните со драматична видео-порака, истакнувајќи дека земјата се соочува со еден од најтешките моменти од почетокот на војната. Тој посочи дека Киев е под исклучително силен политички и дипломатски притисок од САД, а во наредните недели ќе мора да се донесат тешки и одговорни одлуки.

„Украина можеби ќе мора да направи исклучително тежок избор: или да го изгуби достоинството, или да ризикува да изгуби клучен партнер. Или тежок план од 28 точки, или најсурова зима со дополнителни ризици“, рече Зеленски, додавајќи дека се работи за ситуација без преседан.

Тој подвлече дека притисокот врз Украина моментално е меѓу најсилните досега, но дека Киев ќе работи со САД на наоѓање конструктивни решенија. „Ќе убедувам, ќе понудам алтернативи, но нема да му дадеме на непријателот причина да тврди дека Украина не е подготвена за мир“, нагласи претседателот.

Зеленски повика на обединување на политичките и општествените структури, предупредувајќи дека меѓусебните конфликти само ја ослабуваат државата. „Мора да се собереме како еден. Не смееме да заборавиме кој е вистинскиот непријател“, истакна тој.

Тој додаде дека следната недела ќе биде исклучително тешка, со засилен политички и информативен притисок чија цел е да предизвика поделби и дестабилизација.

„Тогаш не ја предадовме Украина, и нема да ја предадеме ниту сега. Народот е со мене“, порача украинскиот претседател.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран