УТРО.мк

Доналд Трамп: Ќе возвратиме со сила каква што никогаш порано не е видена

Доналд Трамп: Ќе возвратиме со сила каква што никогаш порано не е видена
Vero

Тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран дополнително се зголемуваат, откако американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до Техеран да не ги засилува нападите.

„Подобро да не го сторат тоа, бидејќи ако го сторат, ќе возвратиме со сила каква што никогаш порано не е видена“, изјави Трамп, реагирајќи на најавите од Иран за посилни воени дејствија.

Од иранска страна, претседателот на парламентот, Мохамед Багер Калибаф, упати жестока реторика кон американското и израелското раководство, нарекувајќи ги „валкани криминалци“ и предупредувајќи дека ќе се соочат со „разорни удари“.

„Ги преминавте нашите црвени линии и за тоа ќе мора да платите. Ќе ви нанесеме толку разорни удари што ќе мора да се молите“, изјави Калибаф во телевизиско обраќање.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека во воздушен напад загинале високи воени функционери. Според информациите, убиени се началникот на Генералштабот, Абдол Рахим Мусави, и министерот за одбрана, Азиз Насирзаде, за време на состанок на Советот за одбрана.

Меѓу загинатите се и командант на Револуционерната гарда, како и советникот за безбедност Али Шамкани, пренесуваат светските агенции.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран