УТРО.мк

ДАЛИ ПУКНА СРАМ ВО ЧИЛЕАНСКАТА АРМИЈА? Куче за откривање дрога се нафрли на вицеадмирал среде свечена церемонија за борба против дрогата – ВИДЕО

ДАЛИ ПУКНА СРАМ ВО ЧИЛЕАНСКАТА АРМИЈА? Куче за откривање дрога се нафрли на вицеадмирал среде свечена церемонија за борба против дрогата – ВИДЕО
Vero

Необичен инцидент за време на официјална церемонија во Чиле стана вистински хит на социјалните мрежи, откако полициско куче обучено за откривање дрога ненадејно се нафрлило кон вицеадмиралот на чилеанската морнарица, Артуро Оксли.


Настанот се случил на 7 мај во градот Валпараисо за време на голема церемонија посветена на дипломирањето на тимови со службени кучиња обучени за борба против трговијата со дрога.


Според информациите објавени од локалните медиуми, кучето за време на демонстрацијата ненадејно се насочило кон високиот воен функционер и ја зграпчило неговата панталона во пределот на џебот, предизвикувајќи изненадување кај присутните.


Видеото од моментот брзо се прошири на интернет и собра милиони прегледи, а корисниците на социјалните мрежи не пропуштија да се пошегуваат со ситуацијата. Многумина коментираа дека кучето „само си ја вршело работата“, додека други го оценија настанот како една од најнеочекуваните сцени на официјална државна церемонија.


Иако снимката предизвика бројни шпекулации и шеги на интернет, нема информации дека кај вицеадмиралот биле пронајдени недозволени супстанци, ниту пак е соопштено дека инцидентот имал какви било последици.


Напротив, настанот завршил без повредени и без прекин на церемонијата, а видеото продолжува да се споделува ширум светот како еден од највиралните моменти од месецот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран