Напнатата безбедносна ситуација во Европа предизвикува загриженост и во Швајцарија, каде што експерти предупредуваат дека Русија би можела да ја искористи како тест за реакцијата на НАТО и нејзиниот неутрален статус.
Бившиот командант на воздухопловните сили, Бернхард Милер, во изјава за Sonntagszeitung рече дека постои опасност Москва да изведе „истраѓувачки напади“ со беспилотни летала врз Швајцарија. „Немаме противвоздушна одбрана. Денеска не би можеле да се одбраниме од дронови, балистички ракети или хиперсонично оружје,“ предупреди Милер.
Слична загриженост изрази и актуелниот министер за одбрана, Мартин Пфистер, кој призна дека земјата би била „беспомошна“ доколку биде нападната со беспилотни летала.
Според експертите, првата фаза на хибридно војување – кибернетички напади – веќе е во тек, а следната може да бидат воздушни напади.
Швајцарија започна процес на модернизација на својата одбрана со набавка на 36 борбени авиони F-35 и пет единици од ракетниот систем „Патриот“, што ќе покрива околу една третина од територијата. Дополнително, најавена е набавка на пет единици од системот Iris-T.
И покрај овие планови, останува проблемот со недостигот на муниција и прашањето дали земјата ќе може ефикасно да се заштити од потенцијални воздушни закани пред 2030 година.