
Од мало либанско село до глобалната дигитална сцена – браќата Шарбел и Џовани Лтеиф создадоа платформа што го осветлува животот на источните христијани низ целиот свет. Нивниот Инстаграм профил, @eastern_christians, денес ги привлекува вниманието на повеќе од 700.000 следбеници, нудејќи приказни што често остануваат незабележани во светската јавност.
Израснати во маронитско семејство, тие од најмала возраст се потопени во духовноста и историјата на својата вера. Црквите, древните рушевини и силната духовна традиција не само што ги обликувале како личности, туку им ја покажале и важноста на разликувањето помеѓу исправното и погрешното.
Но, профилот не е само проект за фотографии и содржини. „Кога нешто што е дел од твојот идентитет е загрозено, чувствуваш должност да го браниш“, велат браќата. Токму тоа чувство на одговорност ги водело кога одлучиле да ја раскажат историјата на христијаните на Блискиот Исток – една приказна полна со духовна сила, борба и отпор кон заборавот.


























