
Во Венџу, Кина, утрово се извршени егзекуции на 11 членови на семејство кое водело огромна криминална мрежа за интернет измами во Мјанмар. Лицата беа осудени на смрт во септември минатата година за сериозни кривични дела, вклучително убиство на 14 кинески државјани, организирање коцкарници и спроведување дигитални измами.
Семејството Минг, како што јавуваат кинеските власти, од 2015 до 2023 година преку своите нелегални активности заработило повеќе од 10 милијарди јуани, односно околу 1,4 милијарди долари. Приведувањето се случи во ноември 2023 година, откако Кина вршеше дипломатски притисок врз локалните власти во граничните региони на Мјанмар за да ги затворат центрите за измами.



























