УТРО.мк

Скопје ќе ги добие првите гробишта за миленици: Институциите најавуваат решавање на децениски проблем

Скопје ќе ги добие првите гробишта за миленици: Институциите најавуваат решавање на децениски проблем
Vero
kucinja
kucinja

Скопје наскоро ќе добие први гробишта за миленици, иницијатива која ја поднесе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и која доби зелено светло од клучните институции. По состанокот на кој присуствуваа министерот за локална самоуправа Перински, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и претставници на ЗЕЛС, беше најавено дека наскоро ќе започне дефинирањето на локациите и изградбата на инфраструктурата за оваа потреба.

Министерот Перински ја истакна важноста на проектот: „Ова ќе значи крај на децениската практика милениците по смрт да се фрлаат со комуналниот отпад или да се закопуваат на несоодветни јавни места. За да се постигне ова, ќе биде потребна и соодветна измена на законските решенија.“

Ѓорѓиевски потенцира дека општините ќе имаат клучна улога во проектот, преку обезбедување на соодветни локации и вградување на потребната инфраструктура. Тој исто така нагласи дека општинските инспектори и комунални редари ќе бидат активно вклучени во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Соговорниците на состанокот се согласија дека воспоставувањето систем на прифатилишта за бездомни животни во секоја локална самоуправа е неопходно за долгорочно решавање на проблемот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран