УТРО.мк

Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир и воедно еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја најави можноста за реконструкција на Владата кон крајот на месец март.

Во интервју за ТВ21, Меџити истакна дека политичката и владејачката динамика бара ваков процес, нагласувајќи дека претходно ќе се направи детална анализа на работата и резултатите на министрите кои доаѓаат од редовите на ВЛЕН.

„Динамиката бара да се направи реконструкција на Владата. За да се зборува за успехот и достигнувањата на министрите од редовите на ВЛЕН, потребна е подлабока анализа“, изјави Меџити.

Меџити додаде дека прашањето за реконструкцијата ќе се разгледува во рамки на седницата на извршниот совет на ВЛЕН, каде најпрво ќе има отчетност, а потоа ќе се донесе конечна одлука во врска со евентуалните промени во составот на Владата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран