УТРО.мк

Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање
Vero
trajko slaveski
trajko slaveski

Во 2024 година, просечната плата во земјава забележа номинален пораст од 9,2 отсто, додека реалниот раст, кој го отсликува куповниот ефект, изнесува 5,1 процент. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х истакна дека инфлацијата за тековната година се очекува да остане под 3 проценти.

Изјавата доаѓа во контекст на барањата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата и останатите примања. Славески посочи дека при донесувањето одлуки за растот на платите, клучно е тие да се темелат на законски рамки и на економски одржливи критериуми.

Законот за минимална плата предвидува автоматско усогласување во март, со законски утврдена формула, при што минималната плата е обезбедена на 57 проценти од просечната плата. Гувернерот нагласи дека меѓународните препораки, вклучително од Меѓународната организација на трудот и Европската унија, сугерираат значително пониски соодноси меѓу минималната и просечната плата.

„Социјалниот дијалог за плати мора да се базира на објективни, мерливи показатели, а не на анкети или произволни проценки“, истакна Славески. Тој посочи дека клучно е зачувувањето на куповната моќ на работниците преку усогласување со инфлацијата и учеството на трудот во економскиот раст преку зголемување на продуктивноста.

Гувернерот додава дека при корекција на платите треба да се земат предвид и претходната, и очекуваната инфлација, како и растот на продуктивноста, со цел да се одржи реалната куповна моќ на граѓаните.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран