УТРО.мк

Бил Клинтон: „Нетанјаху одамна сака војна со Иран за да може остане на власт засекогаш“

Бил Клинтон: „Нетанјаху одамна сака војна со Иран за да може остане на власт засекогаш“
Vero

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, во интервју за „The Daily Show“ повика на деескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран и го повика актуелниот претседател Доналд Трамп да ги смири тензиите во регионот.

Досега САД не се вмешувале директно во судирот, но им помогнаа на Израел во одбраната од иранските ракети. Сепак, постојат знаци дека администрацијата на Трамп би можела да се вклучи поактивно.

Клинтон изрази скептицизам кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и намерите на Трамп во однос на мирот на Блискиот Исток, истакнувајќи дека Израел под водство на Нетанјаху нема намера да ја признае палестинската држава.

„Тие не зборуваат за преговори за мир бидејќи Израелците немаат намера, особено под Нетанјаху, да им дадат држава на Палестинците. Во моментов палестинското општество е премногу поделено и ослабено за да може да се организира и да ги оствари тие цели“, рече Клинтон.

Тој додаде дека според неговото мислење, Трамп ја дели оваа перцепција дека Палестинците „не треба да имаат држава“. Сепак, нагласи дека никој лидер не сака да предизвика целосна регионална катастрофа.

„Нетанјаху одамна сака војна со Иран затоа што на тој начин може засекогаш да остане на власт. Тој е на чело на Израел најголем дел од последните дваесетина години“, истакна Клинтон.

Поранешниот американски претседател порача дека треба да се работи на деескалација на конфликтот и изрази надеж дека Трамп ќе преземе чекори во таа насока.

Воедно, Клинтон ја потенцираше важноста САД да ги заштитат своите сојузници во регионот, додека во исто време ја застапуваа воздржаноста како најдобар пристап кон решавање на кризата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран