УТРО.мк

Американско разузнавање: Иран задржал најголем дел од ракетниот арсенал и покрај нападите

Американско разузнавање: Иран задржал најголем дел од ракетниот арсенал и покрај нападите
Vero

И покрај неколкунеделните американски и израелски напади, Иран и натаму располага со значајни балистички ракетни капацитети и има способност да издржи економски притисок најмалку три до четири месеци, покажува анализа на американското разузнавање доставена до Белата куќа, до која увид имал „Вашингтон пост“.

Според американски функционер кој говорел за весникот, новите проценки укажуваат дека способноста на Иран за долгорочен економски отпор е значително поголема отколку што претходно проценувала ЦИА.

Во анализата се наведува дека Техеран сè уште располага со околу 75 проценти од мобилните системи за лансирање и околу 70 проценти од ракетниот арсенал што го имал пред почетокот на конфликтот.

Американските служби проценуваат дека Иран успеал повторно да отвори најголем дел од подземните складишта, да поправи дел од оштетените ракети и да состави нови проектили кои биле во завршна фаза на производство.

Во извештајот се посочува и дека иранското раководство станало порадикално и порешително, со зголемена доверба дека може да се спротивстави на политичкиот притисок од САД.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран