УТРО.мк

Тоневски: Во тек реконструкција на дел од ул. „3-ти Април“ во Пробиштип

Тоневски: Во тек реконструкција на дел од ул. „3-ти Април“ во Пробиштип
Vero

Во Пробиштип се изведуваат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „3-ти Април“, информира градоначалникот Тони Тоневски.

Во оваа фаза се врши отстранување на старите тротоари и оштетените делови од асфалтната подлога, по што ќе следи поставување на нови рабници, изградба на современи тротоари и нанесување на нов асфалтен слој.

Проектот е во вредност од 9 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт.

Тоневски упати апел до граѓаните за разбирање и трпение додека траат градежните активности, како и за зголемена внимателност при движење во овој дел од улицата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран