УТРО.мк

Уапсен тетовец за кражба на електричен тротинет пред Општина Тетово

Уапсен тетовец за кражба на електричен тротинет пред Општина Тетово
Vero

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 18:30 часот го лишиле од слобода Б.И.(44) од Тетово поради основано сомнение дека извршил кражба на електричен тротинет.

Според информациите од полицијата, претходно истиот ден во 14:30 часот, А.Љ.(44) од Тетово пријавил дека околу 08:30 часот пред влезот на Општина Тетово му бил одземен електричен тротинет.

По преземени оперативни мерки и активности, полициските службеници го идентификувале и привеле осомничениот.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран