УТРО.мк

Тетовец се заканувал на сопругата и малолетните деца, полицијата постапува

Тетовец се заканувал на сопругата и малолетните деца, полицијата постапува
Vero

Триесет и четиригодишна жена од Тетово пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг Н.Д., со кого се наоѓаат во бракоразводна постапка, ѝ упатувал закани преку телефонски повици кон неа и нивните малолетни деца.

Како што информираат од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 07.05.2026 година во 01:20 часот.

Според пријавата, со ваквото однесување Н.Д. го прекршил решението на Основниот суд во Тетово за забрана за приближување и контакти, донесено во ноември 2025 година.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран