
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остро предупредување до Иран, наведувајќи дека во случај да не се постигне договор, САД се подготвени да преминат кон значително поинтензивна воена реакција.
Во објава на својата платформа „Truth Social“, Трамп посочи дека, доколку Техеран се согласи да ги исполни договорените услови што, како што самиот призна, останува неизвесно. Тогаш, како што го опиша, „епизодата на ескалација“ би завршила. Според него, таквиот исход би бил проследен со силен безбедносен механизам кој би овозможил Ормутскиот теснец да остане отворен за меѓународниот сообраќај, вклучително и за иранските бродови.
Меѓутоа, Трамп истакна дека во спротивно, доколку Иран одбие да соработува, ќе следи воена акција со „значително поголем обем и интензитет“ од претходните сценарија, нагласувајќи дека ситуацијата би можела да ескалира сериозно.
















