УТРО.мк

Полицијата со детали за починатата девојка во Штип

Полицијата со детали за починатата девојка во Штип
Vero

Секторот за внатрешни работи – Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена почината 20-годишна државјанка на Република Турција.

Од СВР-Штип информираат дека денеска во 14.48 часот било пријавено дека во стан во градот е пронајдено женско лице без знаци на живот. Полициски службеници излегле на местото, при што било утврдено дека станува збор за У.Е. (20), државјанка на Турција.

Увид на местото извршила екипа на СВР-Штип, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според претходните информации, пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Штип интервенирале за да влезат во станот преку балконската врата, бидејќи влезната врата била блиндирана.

Лекарски тим од Итната медицинска помош констатирал смрт, но засега не може да се утврди дали станува збор за насилна смрт.

Телото на девојката е предадено на обдукција во Клиничката болница – Штип, по што ќе бидат познати причините за смртта.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран