УТРО.мк

Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ пристигна на Крит пред распоредување кон Блискиот Исток

Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ пристигна на Крит пред распоредување кон Блискиот Исток
Vero

Најголемиот носач на авиони во светот, „Џералд Форд“, се закотви во американската воена база во заливот Суда на грчкиот остров Крит, јавува агенцијата Франс Прес.

Воениот брод е дел од пошироко засилување на американското присуство во регионот и се очекува да продолжи кон Блискиот Исток, каде што САД веќе имаат значителни поморски сили.

Носачот пристигнал на 23 февруари, а базата во Суда е стратешка точка за американските операции во Медитеранот. Во неа живеат околу 1.000 лица, меѓу кои американски воени лица, цивили и локални вработени.

Во моментов, Вашингтон располага со повеќе од десет воени бродови во регионот, вклучително и носачот на авиони „Абрахам Линколн“, девет разорувачи и три крајбрежни борбени бродови. Ретко се случува два носачи на авиони истовремено да бидат распоредени на Блискиот Исток, со оглед на нивната моќ и големите екипажи.

Зголеменото воено присуство доаѓа во контекст на засилени тензии со Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во 2025 година нареди напади врз ирански цели, повеќепати предупреди дека е можна нова воена акција доколку не се постигне договор за нуклеарната програма на Техеран.

Во јуни 2025 година, САД распоредија два носачи на авиони во регионот за време на конфликтот меѓу Израел и Иран, кога беа извршени напади врз три ирански нуклеарни постројки.

Инаку, по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, Техеран почна да збогатува ураниум на повисоки нивоа. Иако иранските власти тврдат дека програмата има мирна цел, западните земји стравуваат дека таа може да доведе до развој на нуклеарно оружје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран