УТРО.мк

(ФОТО) УГИНАТ БАЛКАНСКИ РИС НА ПАТОТ РЕСЕН–ОХРИД: Во тек обдукција, аларм за заштита на загрозениот вид

(ФОТО) УГИНАТ БАЛКАНСКИ РИС НА ПАТОТ РЕСЕН–ОХРИД: Во тек обдукција, аларм за заштита на загрозениот вид
Vero

Угинат балкански рис е пронајден на патниот правец Ресен–Охрид, по дојава од Здружението на ловци „Преспа–Ресен“. Надлежните институции веднаш излегле на терен и започнале координирана постапка за утврдување на причините за угинувањето.


Во акцијата се вклучени Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво. Земени се примероци за анализа, а животното ќе биде транспортирано на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ во Скопје каде ќе се изврши обдукција.


Балканскиот рис се смета за еден од најретките цицачи во Европа, со популација од околу 50 единки. Секој загубен примерок претставува сериозен удар врз опстанокот на видот.


Експертите предупредуваат дека ваквите случаи најчесто се поврзани со сообраќајни несреќи, што дополнително ја нагласува потребата од подобро планирање на инфраструктурата во подрачјата каде се движат дивите животни


Според еколошките организации, решението е изградба на т.н. зелени мостови и коридори што ќе овозможат безбедно преминување на животните преку патиштата и ќе ја намалат фрагментацијата на нивните живеалишта.


Од надлежните институции најавуваат дека резултатите од обдукцијата ќе дадат појасна слика за причините за угинувањето, по што ќе следуваат дополнителни мерки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран