
Мексиканското Министерство за одбрана соопшти дека во неделата во градот Тапалпа, во западната сојузна држава Халиско, дошло до престрелка меѓу војската и вооружени лица, при што бил ранет Немеcио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, лидер на картелот „Халиско нова генерација“ (CJNG).

Според информациите, Ел Менчо подоцна им подлегнал на повредите за време на транспортот кон Мексико Сити. Овие наводи засега циркулираат во јавниот простор и не се потврдени со официјално соопштение за смртта од сите надлежни институции.
Бран насилства по операцијата
По акцијата, вооружени групи поврзани со картелот започнале координирани одмазднички активности.
Запалени биле возила и блокирани главни автопати во неколку сојузни држави: Халиско, Колима, Мичоакан, Најарит, Гванахуато, Тамаулипас
Локалните власти пријавиле сериозни нарушувања на сообраќајот и зголемено безбедносно присуство на армијата и федералната полиција.
Безбедносна состојба
Безбедносните сили спроведуваат засилени операции во погодените региони, додека населението е повикано да избегнува патување на критичните сообраќајници.
Ел Менчо важи за еден од најбараните нарко-лидери во светот и клучна фигура во картелот CJNG, организација што американските и мексиканските власти ја сметаат за една од најмоќните криминални структури.
Иако веста за неговата наводна смрт предизвика силен одек, официјалните институции сè уште не излегоа со целосна потврда. Аналитичарите предупредуваат дека ваквите информации често се користат и како дел од психолошка војна меѓу криминалните групи и властите.
Состојбата во западно Мексико останува напната, а безбедносните служби се во состојба на зголемена готовност.























