УТРО.мк

Американски функционери тврдат: Израел останува без клучно оружје

Американски функционери тврдат: Израел останува без клучно оружје
Vero

Според извештај на NBC News, повикувајќи се на американски официјални лица, израелската армија се соочува со сериозен недостиг на клучна муниција по 12-дневниот воен судир со Иран.

Двајца неименувани американски функционери изјавиле дека залихите на муниција во Израел се „особено критични“, што предизвикува загриженост во контекст на моменталното, кревко примирје меѓу Тел Авив и Техеран, воспоставено со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Досега, официјален Израел не излезе со коментар во врска со овие наводи.

САД традиционално ѝ обезбедуваат на Израел воена помош вредна милијарди долари годишно. Според американски медиуми, Вашингтон активно учествувал и во пресретнувањето на иранските ракети, откако Израел на 13 јуни започна неиспровоцирана воена операција против Иран.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран