УТРО.мк

Аеродромот во Виена привремено затворен поради снег и силен ветер

Аеродромот во Виена привремено затворен поради снег и силен ветер
Vero

Австрија се соочува со екстремни зимски услови, откако силен снежен невреме го парализираше нормалниот ритам на земјата. Најголемиот удар го почувствува аеродромот во Виена, каде поради жестокиот ветер и обилниот снег, сите летови беа привремено стопирани, оставајќи стотици патници заглавени во терминалите.

Покраината Тирол, пак, се најде во епицентарот на невремето. Во долината Лехтал лавина затрупа автобус со 11 патници рано наутро во општината Бах. На среќа, сите патници се извадени неповредени, но патот остана блокиран додека спасувачките екипи расчистуваа снег и остатоци од лавината.

Во меѓувреме, во Зелден, силниот снег предизвика драматична сообраќајна несреќа. Автомобил со татко и ќерка излета од патот по судир со машина за чистење снег, па падна речиси 30 метри по стрмната падина. И покрај тоа што возилото за чистење снег работело според протоколите, лизгавиот коловоз и екстремните услови направија трагична комбинација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран