
Американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи рокот на санкциите против Русија за уште една година, потврдувајќи го своето одлучно држење кон Москва поради воената ситуација во Украина. Одлуката, објавена во Федералниот регистар на САД, стапува на сила на 6 март и ја продолжува важноста на економските и политичките рестрикции воведени претходно.
Санкциите се спроведуваат во рамките на Законот за национални вонредни состојби и се базираат на Извршната наредба 13660, првично донесена во 2014 година. Преку оваа правна алатка, САД постепено воведуваа мерки против Русија во 2014, 2018 и 2022 година, со цел да го зголемат притисокот врз Кремљ и да го ограничат влијанието на Москва на меѓународната сцена.























