
При влезот во Република Македонија, на граничниот премин Табановце, полицијата вчера го приведе 45‑годишниот С.В, италијански државјанин. По извршени рутински гранични проверки на возило со италијански регистарски ознаки што го управувал осомничениот, откриени се голем број незаконски предмети.
Полицајците во возилото пронашле осум рачно изработени уреди опремени со активирачки игли, за кои постои сомневање дека се наменети за активирање на непознат вид муниција. Дополнително, во возилото бил пронајден и пиштол со калибар 22, како и неколку кутивчиња наполнети со муниција, шест со по 100 куршуми, едно со 200 и уште едно со 60 парчиња.























