
Нивото на Преспанско Езеро бележи значително зголемување од повеќе од 75 сантиметри во изминатите неколку месеци, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според последните мерења од хидролошката станица во Наколец, водостојот моментално се наоѓа на кота од 841,66 метри надморска височина. Зголемувањето се должи на обилните врнежи од дожд во изминатиот период, кои позитивно влијаеја врз состојбата на езерото.
Од УХМР посочуваат дека ова покачување е од исклучително значење, особено ако се има предвид дека езерото со години се соочуваше со сериозен пад на нивото на водата.
По долг период на негативни прогнози и повлекување на водите, новите хидролошки податоци даваат надеж дека состојбата може да се стабилизира и постепено да се подобри.























