УТРО.мк

„Македонија“ во Париз (1905–1906): Гласот што ја отвори европската совест

„Македонија“ во Париз (1905–1906): Гласот што ја отвори европската совест
Vero

Во Париз, во февруари 1905 година, започнал да излегува весникот „Македонија“, кој се печател до декември 1906 година, со вкупно објавени 46 броеви. Овој печатен медиум имал јасна мисија – да ја информира француската, но и пошироката европска јавност за состојбите, настаните и судбината на етногеографска Македонија.

Главен и одговорен уредник бил францускиот новинар и публицист Жорж Голи, кој преку страниците на весникот настојувал да ги доближи македонските прашања до западноевропската јавност. Весникот внимателно ги следел ставовите и политиките на водечките западни сили во однос на македонското прашање, како и односот на соседните балкански држави кон Македонија.

Во содржината биле опфатени и внатрешните политички прилики, дејствувањето на османлиската власт, како и сложените меѓуетнички и меѓуверски односи во регионот. Посебен акцент бил ставен на судирите, разбојништвата и насилствата што ги предизвикувале вооружените чети од соседството.

Во последниот број од весникот, редакцијата ја објаснила причината за прекинот на неговото излегување, истакнувајќи дека нивната цел била да ги пренесат вистините за Македонија – вистини за кои, како што наведуваат, „совеста на Европа била затворена“, но кои со текот на времето станале познати и прифатени.

Весникот „Македонија“ останува значаен историски сведок за обидите македонското прашање да биде слушнато и разбрано на европската сцена на почетокот на 20 век.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран