УТРО.мк

Концертот на Бен Вилер го отвора одбележувањето на 35 години „Канал 103“

Концертот на Бен Вилер го отвора одбележувањето на 35 години „Канал 103“
Vero

Оваа година, „Канал 103“ го одбележува својот 35-годишен јубилеј со серија настани кои ќе ја оживеат музичката сцена и во радиото и надвор од него. Првата станица на оваа прослава е на 21 февруари, во „Котур“, со специјален настан под наслов „Стотројка: Нова пролет“, кој започнува во 20 часот.

На сцената ќе се појават три уникатни музички проекти, секој со своја посебна естетика. Солото на Бнелети, проектот на американскиот музичар и етномузиколог Бен Вилер, ќе понуди авангарден спој на традиционална грузиска полифонија и азерска гитарска традиција, обвиена во електрична гитара, саз и модуларен синтисајзер. Дарк амбиент, дронови, експериментална електроника и суптилни примеси на блек метал ќе го водат публиката низ необични звучни пејзажи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран