УТРО.мк

Европскиот парламент забрани AI на службените уреди на пратениците

Европскиот парламент забрани AI на службените уреди на пратениците
Vero

Европскиот парламент ги оневозможи вградените AI функции на службените уреди на пратениците и нивниот тим, поради страв од можни пробиви во безбедноста и загрозување на податоците. Оваа одлука е донесена откако IT‑тимот процени дека не може да гарантира каде и како се пренесуваат податоците што ги обработуваат AI‑алатките.

Во официјален email до членовите на парламентот, што го објави Politico, се наведува дека некои AI алатки користат cloud‑сервиси за обработка на информации, што значи дека податоците се испраќаат надвор од уредот и не е јасно кои информации точно се споделуваат со давателите на AI услуги. Затоа е оценето дека е „побезбедно да се држат овие функции исклучени“ додека не се изврши длабока процена.

Парламентот ги оневозможи вградените AI асистенти за пишување, автоматско сумирање, виртуелни асистенти и други слични функции, затоа што тие можат да ги обработуваат службените податоци надвор од институционалната мрежа. Овие промени важат за официјалните таблети, лаптопи и телефони на пратениците и нивниот персонал.

Стандартните апликации како е‑пошта, календар и документи не се погодени од ограничувањата и продолжуваат да функционираат нормално. Ова значи дека законодавната работа може да продолжи, но без вградените AI помагала што автоматски обработуваат текст или податоци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран