УТРО.мк

Хуанг со порака до Германија: Премногу размислувате, искористете го талентот што го имате

Хуанг со порака до Германија: Премногу размислувате, искористете го талентот што го имате
Vero

Џенсен Хуанг, првиот човек на „Нвидиа“, упати критики кон технолошкиот развој на Германија, оценувајќи дека земјата располага со талент, но недоволно го користи својот потенцијал.

Во пренесената изјава, Хуанг изразува разочарување што земја со силна технолошка и индустриска традиција заостанува во технологијата.

„Искрено, ништо не ме боли повеќе отколку да гледам како една од технолошки најнапредните земји е оставена толку далеку зад другите во технологијата. Мислам дека причината е следнава: можеби европскиот начин е премногу да се размислува за сè“, вели Хуанг.

Според него, проблемот не е недостигот од способни луѓе, туку потребата нивното знаење и вештини да се преточат во конкретна работа и резултати.

Неговата порака е дека Германија треба поодлучно да го искористи талентот со кој располага и да премине од долги размислувања кон реализација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран