УТРО.мк

Андоновски: Бесплатен јавен Wi-Fi во 64 општини

Андоновски: Бесплатен јавен Wi-Fi во 64 општини
Vero

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска во Кочани ја промовираше првата од вкупно 69 зони со бесплатен интернет, во рамки на проектот WiFi за Западен Балкан.

Проектот се реализира со поддршка на Европската Унија, Германската амбасада и ГИЗ, а преку иницијативата #WiFi4WB се обезбедува бесплатен јавен Wi-Fi во 64 општини низ државата. Интернет пристап ќе биде достапен на јавни локации како плоштади, паркови, библиотеки, училишта и културни институции.

Според Андоновски, целта е дигиталната трансформација да стане подостапна за сите граѓани, преку олеснет пристап до дигитални услуги, поддршка за образованието и учењето, како и помош за локалните бизниси и посетители. Проектот има за цел и намалување на дигиталниот јаз меѓу различните категории граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран