УТРО.мк

Ново научно дело на Светозаревиќ промовирано во Музејот на тетовскиот крај

Ново научно дело на Светозаревиќ промовирано во Музејот на тетовскиот крај
Vero

Во Тетово, во просториите на Музејот на тетовскиот крај, беше промовирано изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев – историја на една мистификација“, во издание на Државен архив на Република Северна Македонија.

Автори на делото се доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски, а изданието претставува значаен придонес кон научните истражувања базирани врз автентичен архивски материјал.

Промоцијата ја отвори директорот на Државниот архив, Димитар Богески, кој ја нагласи важноста на архивската граѓа како основа за откривање нови факти за историјата на Македонија и македонскиот народ.

На настанот беше посочено дека публикацијата открива богат архивски фонд кој ќе биде од значење за понатамошни истражувања, особено во областа на лингвистиката и литературната историја.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран