УТРО.мк

ПРИСТИГНА ПРВИОТ ШТРК ВО БОГОРОДИЦА – РАН ПРЕДВЕСНИК НА ПРОЛЕТТА

ПРИСТИГНА ПРВИОТ ШТРК ВО БОГОРОДИЦА – РАН ПРЕДВЕСНИК НА ПРОЛЕТТА
Vero

Првиот бел штрк годинава пристигна во селото Богородица, гевгелиско, најавувајќи го доаѓањето на пролетта. Овој препознатлив симбол на потоплите денови бил забележан вчера изутрина, кога најпрво слетал на камбанаријата од селската црква, а потоа се сместил во едно од веќе подготвените гнезда.

Во Богородица, гнезда за штркови има поставено на речиси секоја бандера, што овозможува овие птици редовно да се враќаат и да гнездат во селото. Мештаните велат дека нивното пристигнување секогаш носи радост и надеж за плодна година.

Годинава штркот пристигнал дури девет дена порано во споредба со лани, кога бил забележан на 28 февруари. Според локалните жители, топлата зима и поволните временски услови се главната причина за неговото порано доаѓање.

Штркот традиционално се смета за предвесник на пролетта, а неговото враќање во Македонија означува дека студените денови полека заминуваат.

📸 Фото: Марјан Иванов

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран