
На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.























