УТРО.мк

Сомневање за злоупотреба на лични податоци при кредитна измама во Гостивар

Сомневање за злоупотреба на лични податоци при кредитна измама во Гостивар
Vero

Жител од гостиварско село (46), поднесе пријава за злоупотреба на лични податоци. Според неговите тврдења, додека работи во Швајцарија, бил известен од извршител во Гостивар дека се води постапка против него како сопственик на фирма задолжена со над 5 милиони денари кон банка во стечај.

Во рамките на постапката, извршителот барал и заложни предмети – товарно возило „Ман“ и работна машина багер. Меѓутоа, пријавителот нагласува дека никогаш не основал фирма ниту поседувал таква механизација, што го навело да се сомнева дека неговите лични податоци биле злоупотребени преку фалсификувана документација при подигнување на кредит.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран