УТРО.мк

Група организирала транспорт на 8,8 тони канабис од Струмица кон Србија

Група организирала транспорт на 8,8 тони канабис од Струмица кон Србија
Vero

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против шест лица, осомничени за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори. Истражната постапка се темели на докази од Министерството за внатрешни работи и документација од Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија, добиена преку меѓународна правна помош.

Според обвинението, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во периодот од 2025 година до крајот на јануари 2026 година се здружиле со цел неовластена продажба и транспорт на кокаин и марихуана. Двајца од нив, во координација со првоосомничениот од Скопје, организирале повеќекратен транспорт на марихуана од Северна Македонија кон Србија со товарни возила.

Во декември 2025 година, првоосомничениот им дал насоки на своите вработени да спакуваат 8.832 килограми сув цвет од канабис во над 200 кутии, претходно набавени од Струмица. На 13 јануари 2026 година, кутиите биле пренесени со товарни и патнички возила до атарот на Свети Николе, каде се извршил претовар. По тоа, осомничените заминале кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата.

Следниот ден, дрогата била доставена до објект во Крушевац, Србија, обезбеден од лица поврзани со истражна постапка на српското обвинителство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран