УТРО.мк

Прилеп и Пелагонија добиваат модерна инфраструктура: Делниците Градско–Фариш и Дреново–Фариш веќе пуштени во употреба

Прилеп и Пелагонија добиваат модерна инфраструктура: Делниците Градско–Фариш и Дреново–Фариш веќе пуштени во употреба
Vero

Пелагонискиот регион, долго време блокиран од застарена и нефункционална патна инфраструктура, конечно започнува да се движи кон економско закрепнување. Изградбата на модерни автопатишта најавува значајни олеснувања за компаниите кои со години се соочуваат со високи трошоци за транспорт, а Регионалната стопанска комора од Прилеп гледа во ова шанса за враќање на некогашната економска позиција на регионот.Ова го истакнува Никола Мариноски, претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп, додавајќи дека новите сообраќајни решенија можат да го враат регионот на некогашниот врвен пласман во креирањето на БДП.

„Со години бизнис-секторот бараше да се поврзе овој регион со останатите главни сообраќајници. Сега, конечно, тоа ќе се реализира. Новиот автопат не само што ќе го забрза движењето и ќе ја зголеми безбедноста, туку ќе овозможи полесен пристап до стоките и услугите од Пелагонија, па дури и до пристаништата во Солун и Игуменица“, изјави Мариноски за „АЛФА ТВ“. Тој посочува дека досегашните транспортни решенија создавале дополнителни трошоци за превоз на стоки до Прилеп, особено при групни испораки.

Мариноски истакнува дека развојот на инфраструктурата не само што ќе ја зајакне економијата, туку ќе помогне и во намалување на иселувањето од регионот. „Создавањето нови работни места и инвестициите во патна инфраструктура се клучни за младите да останат тука и за да се привлечат странски инвеститори“, додава тој.

Вицепремиерот Александар Николоски, кој вчера беше во посета на Прилеп, потврди дека државата сериозно вложува во развојот на Пелагонија и дека инвестициите во инфраструктурата ќе продолжат. „Во наредните недели ќе видите активности во Собранието за автопатско поврзување од Фариш до Прилеп, со што градот ќе биде интегриран во главните автопатски коридори од двете страни“, рече Николоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран