УТРО.мк

(ВИДЕО) БРОД СО ДОБИТОК СЕ ПРЕВРТИ ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ: Стотици овци пливаа за спас, јеменските рибари ги спасуваа од брановите

(ВИДЕО) БРОД СО ДОБИТОК СЕ ПРЕВРТИ ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ: Стотици овци пливаа за спас, јеменските рибари ги спасуваа од брановите
Vero

Драматична спасувачка акција се одвиваше крај брегот на Јемен, откако товарен брод натоварен со овци се превртел во Црвеното Море. Локални рибари и жители со мали чамци веднаш излегле на вода и започнале да ги извлекуваат животните кои се бореле да не се удават.


Бродот, кој пловел кон Џибути, се насукал во близина на Рас ал-Ара во покраината Лахџ, по што дел од товарот завршил во морето. На снимките се гледаат десетици овци како пливаат околу превртениот брод, додека луѓе од чамци ги извлекуваат една по една.


И покрај напорите, повеќе од 160 овци се удавиле, додека стотици биле спасени и извлечени на брегот.


Снимката од спасувањето брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции – од пофалби за хуманоста на локалните жители до критики за транспортот на животни по море.


Ова не е прв ваков инцидент – во изминатите години имало повеќе случаи на бродови со добиток кои потонале, при што илјадници животни загинале.


И покрај тешките услови на море, јеменските рибари успеале да спасат голем број животни, што локалните медиуми го оценија како хуман и храбар чин во услови на сиромаштија и конфликт во земјата.


Инцидентот уште еднаш го отвори прашањето за безбедноста при транспортот на жив добиток и условите во кои се врши превозот по море.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран