
На легендарниот стадион „Олд Трафорд“ во Велика Британија за првпат беше прочитан езан, во рамки на ифтар организиран од муслиманската заедница на фанови на Манчестер Јунајтед (MUMSC).
Настанот се одржува во текот на месецот Рамазан, а присутните заеднички го прекинаа постот на стадионот на англискиот гигант. Езанот беше прочитан на самиот терен, што претставува историски момент и силна порака за инклузија и почитување на различностите во спортот.
Организаторите истакнаа дека целта на настанот е да се промовира заедништво и меѓусебно разбирање меѓу навивачите од различни култури и религии.
Овој настан е уште еден пример како големите спортски клубови отвораат простор за културна и верска разноликост меѓу своите навивачи.























